Д-р Петличковски: Најголем ризик од пертусис постои кај малите невакцинирани деца
Секој ден порано вакциниран е инвестиција во подобра иднина. Ефектот од овие вакцинации ќе ги видиме по 10-тина дена или две недели. За комплетно појавување на ефикасноста е неопходно трите дози да бидат заокружени, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за епидемијата со голема кашлица (пертусис).
Според него, поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, а најголем ризик постои кај малите невакцинирани и делумно вакцинирани.
-Кај малите деца може да има страшна клиничка слика и смртни последици. Од тоа треба да се спасиме во моментов, навести докторот.
-Моите информации се дека пунктовите веќе ќе почнат со две смени и во сабота, почнувајќи од утре. Ќе се одговори соодветно на интересот, кажа Петличковски во емисијата „Топ тема“ за вакцинацијата.
На прашањето колку време постои заштита од оваа имунизација, докторот вели дека е неколку години кога ќе се комплетира целиот циклус – примовакцинација со три дози на 2,4 и 6 месец, засилувачка доза на 18 месец и засилувачка доза на 7 години.
Тој додава дека за болеста има ефикасна терапија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…