Д-р Петличкоски: Многубројноста може да ја направи неефикасна Комисијата за заразни болести
Новиот претседател на Комисијата за заразни болести, професорот Александар Петличкоски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, рече дека воопшто не се двоумел дали да ја прифати понудената нова позиција од министерот за здравство, Беким Сали.
Петличкоски не е епидемиолог, туку клинички генетичар, но вели дека тоа не му е хендикеп за да ја извршува функцијата и се смета за соодветен кадар за неа.
Не. Не мислам дека може да биде хендикеп. Во Комисијата има неколку епидемиолози, неколку специјалисти по инфективни болести и мојата задача тука би била да ги артикулирам односно да ги соединам мислењата во еден заеднички став“, рече Петличкоски.
Комисијата за заразни болести сега има многу повеќе членови од претходно. На прашањето дали тоа може да ја направи неефикасна во својата работи, Петличкоски вели:
„Може да ја направи но најмногу зависи од пристапот на членовите. Од она што имав прилика да го видам на едниот состанок кој досега сме го одржале, се работи за многу ентузијастични и конструктивни колеги, така што очекувам да имаме добра соработка“,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…