Д-р Трајановски: Ќе покажеме дека младите се апсолутен приоритет на Аеродром!
Аеродром ќе биде транспарентна Општина чиј приоритет се младите, нагласи во гостување во Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром до СДСМ, Александар Трајановски.
„Мене младите отсекогаш ми биле фокус, тие се двигател на едно општество. Јас уште како директор на Клиника за ортопедски болести, спроведов акција да направиме бесплатен преглед на сите деца од прво до четврто одделение и увидовме дека кај 30% од децата има искривување. Зошто локалната самоуправа не ја спуштиме на ниво на школите, родителите не можат да постигнат сѐ, треба да се понуди финансиска помош за деца кои учествуваат на натпревари.
Голем дел од граѓаните не се информирани, треба транспарентна општина за граѓаните да знаат што правиме. Потребна е финансиска помош за почеток на сопствен бизнис. Во програмата имаме многу проекти кои ги засегаат младите, објасни Трајановски.
Докторот нагласи дека Општината ќе се фокусира на зголемување на безбедноста на најмладите, особено во училиштата.
„Јас во неколку наврати кажав дека безбедноста е една од главните точки. Голем дел од родителите се загрижени за своите деца, мора да има видео-надзор на школите, обезбедување на школите, да внесеме сигурност и во децата и во самите родители дека Општината се грижи“, истакна Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…
Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…
Во белгискиот главен град Брисел е воведен…