Д-р Чибишев уште во 2021 година предупреди дека власите не треба да се потпираат на модуларните болници

t

Новите моменти од трагичниот случај со тетовската модуларна болница во кој живи изгореа 14 пациенти, повторно го покрена прашањето за користа и безбедноста на модуларните објекти кои се користеа за време на ковид-пандемијата.

Доктор Андон Чибишев во септември 2021 година, во изјава за медиумите, рече дека не треба здравствените власти да се потпираат на модуларни болници, туку треба да оспособат здравствени капацитети во кои што ќе можеа да се згрижуваат пациенти со тешка слика.

– Ние имаме голем број на здравствени капацитети кои што не се во употреба, а имаат подобри услови од модуларните болници. Имаме такви на кои што со помали интервенции градежни или технички можеа да се оспособат за да згрижуваме пациенти, укажа тогаш Чибишев.

Тој тогаш нагласи дека модуларните болници се времени објекти, кои што имаат најминимални услови за згрижување на тешки пациенти.

– А, ние комплетно се ослонивме прво на шаторска болница која што беше донација од војската, од Владата на Норвешка, која што ако се сеќавате на првиот снег се сруши. А, потоа се ослонивме на модуларните болници. Мислам дека модуларните болници можат да помогнат, но меѓутоа не можеме ние како држава, како здравствен систем да се ослониме на модуларните болници, рече Чибишев во тогашната изјава во екот на корона пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…

Москва oд Абу Даби: НАТО да се…

Русија го покрена прашањето за враќање на…

ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…

На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…