ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски службеници

t

Министерството за внатрешни работи ги известува сите заинтересирани активни полициски службеници дека од денеска е официјално отворен интерен конкурс за пополнување на нови работни места во Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Од единицата напоменуваат дека овој конкурс е од затворен карактер и е наменет исклучиво за веќе ангажирани и активни полициски службеници кои сакаат да ја продолжат својата кариера во една од најелитните полициски структури во земјава.

Услов: Само за активни полициски службеници;
Информации и аплицирање: Сите заинтересирани за деталите околу условите за пријавување, физичките и психолошките проверки можат да се обратат на телефонскиот број 070 351 683;

„Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик“, порачуваат од ЕБР, упатувајќи повик до сите амбициозни припадници на полицијата да се пријават и да станат дел од нејзиниот ударни тимови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…