Објавено на:

Евакуирани поради масовен пожар 3000 лица во Шпанија

t

Над 3.000 луѓе се евакуирани во Шпанија во текот на ноќта, поради шумски пожар во туристичкиот регион Коста дел Сол, јави ДПА.

Причината за пожарот, што изби вчера попладне, сè уште не е утврдена.

Најзагрозени беа 8.000 жители на Бенахавис и 300 на Пујера, западно од Малага.

Повредени се тројца пожарникари.

Температурите над 30 Целзиусови степени, сушата и силните ветрови го отежнуваат денешното гаснење на пожарот.

Се очекува ситуацијата да се подобри во текот на денот, штом стивнат ветровите.

Околу 500 членови на Противпожарната единица, цивилна одбрана и на воена единица за итни случаи се справуваат со огнените јазици.

Според официјални лица, пожарот засега не зафатил објекти.

Погодената област на планината Сиера Бермеја беше уништена од шестдневниот пожар минатиот септември, што проголта повеќе од 9.000 хектари шума.

Тогаш, властите веруваа дека пожарот е подметнат. Но, сторителите не беа идентификувани.

Жителите на Сиера Бермеја сега доживеаја „уште една тешка ноќ“, напиша премиерот Педро Санчез на Твитер. Тој изрази солидарност со погодените од пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија ја скратува работната недела!

Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија…

Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

(Видео) Кралот на Шпанија го гаѓаа со…

Стотици луѓе протестираа против шпанскиот крал Фелипе…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…