Еве во какви услови ќе биде сместен Палевски, посебна ќелија и посебен режим – ова се деталите

t

Осомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.

Авионот на Туркиш Ерлајнс во кој се наоѓа првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо попладнево слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Неговата следна дестинција е директно во истражниoт затвор Шутка за издржување на мерката притвор.

Палевски во истражниот затвор Шутка ќе биде сместен во посебна ќелија со 24 часовен видео надзор и ќе биде обезбедуван во текот на целиот негов престој во затворот од едни исти чувари специјално обучени за ваков тип на затвореници.

Палевски ќе има и специјален режим на исхрана, а надвор од својата ќелија ќе излегува во посебен период од денот различен од останатите затвореници. Посетите ќе му бидат сведени на минимум.

Палевски по 6 месеци екстрадиционата постапака на релација Македонија – Турција доби зелено осветло да биде превезен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…