Еве како ги попишуваат Македонците во Бугарија

t

Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев за Плус Инфо истакна дека Македонија е должна да се грижи за Македонците во другите држави, а не како што изјави новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ дека не можеме да се мешаме во внатрешните работи.

– Ние сме должни да се грижиме за граѓаните на други држави, кои отворено ја манифестираат македонската самосвест. Секако дека мораме да ги почитуваме уставите на тие држави, но обврската која произлегува од нашиот Устав е да ја помагаме и обединуваме дијаспората со матицата – вели Марјан Ѓорчев, кој во минатото меѓу другото беше и амбасадор на Македонија во Бугарија.

Тој објаснува дека во Бугарија, земја која е членка на Европската Унија, не постои категоријата малцинство.

– Таму на пописите може да изјасните како сакате, но доколку не сте Бугар тогаш ќе бидете впишани во графата – други. Уставот не предвидува етнички групи надвор од бугарскиот етникум, туку индивидуално право на поединци. Секој има право да се чувствува како сака, но само како индивидуа, а не и како дел од група – вели Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор тврди и дека нашето право да се грижиме за нашето малцинство во други земји, произлегува од членството во Советот во Европа и Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…