Еве кое овошје е најдобриот сојузник за мирен сон во летните пеколни ноќи
Експертите за процесот на спиење советуваат да се јаде повеќе банани во лето, наведувајќи дека калиумот, со кој е богат ова овошје, е исклучително важен за функционирањето на нервниот систем и дека како таков ќе придонесе за полесен сон, пренесуваат британските медиуми.
Експертите од областа на проучувањето на процесот на спиење советуваат да се јаде банана како главно оружје во периодот на многу високи температури, наведувајќи дека калиумот во бананите е клучот за мирен и удобен летен сон.
„Кога се потиме губиме калиум, електролит кој е неопходен за функционирање на нервниот систем. Јадењето една или две банани дневно ќе го подобри спиењето на топло време, а во исто време ќе му помогне на срцето да функционира нормално и го намалуваат ризикот од ноќни грчеви“, вели професор Расел Фостер од Универзитетот Оксфорд.
Покрај бананите, експертите советуваат да се јаде и зелен зеленчук, кој исто така е добар извор на калиум, заедно со овошје како авокадо, домати и портокали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…
Веб-страниците на владата и на министерствата беа…
Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…
Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…
Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…
Германија го подигна нивото на опасност од…
Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…
ММФ предупредува: Војната ја турка економијата на…
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека економијата на…