Еве кои места се гранатирани до 7 часот – нападите започнале во пет утрово часот!
Амбасадата на Украина во Македонија преку соопштение до јавноста информираше утрово кои места се веќе погодени или заземени од страна на руската војска.
Во продолжение можете да ги прочитате истите заклучно со 7 часот.
Оперативни информации од Државната служба на Украина за итни случаи во врска со последиците од гранатирањето од страна на непријателот на територијата на Украина заклучно со 07:00 часот ⤵️
➡️Хмелницка област: како резултат на артилериско гранатирање изгоре складиштето за Гориво и мазива на воената единица во с. Старокостиантив.
➡️Дњепропетровска област: г. Краснопилја и Марганец пожар во воени складишта.
➡️Виницка област: г. Тулчин и с Бохан – пожар во воени единици.
➡️г. Луцк – разнесена е ТВ-кулата.
➡️Кијивска област: пожар на воената единица во близина на г. Бровари.
Заземени се селата Городишче и Милове во Луганската област.
Инаку како што информираат од Државната гранична служба, агресијата на Русија се случи денеска околу 5.00 часот.
Нападот исто така се случи и од страната на ТОТ на Автономната Република Крим.
Во моментов преку административната граница се евидентира движење на воена опрема од полуостровот.
Ќе потсетиме дека во Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област, нападите врз граничните единици, граничните патроли и контролните пунктови се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и огнено оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…