Еве колку ќе треба да плати Крмов за настаните во Собранието
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за скршените монитор и микрофон во Собранието.
Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти колку ќе треба да плати пратеникот за нередот кој неодамна се случи на седница. Крмов не може да се повика на имунитет, бидејќи имунитетот важи само за искажан збор на говорница. Според Џафери, ако Крмов не плати за нанесената штета во Собранието, има законски постапки.
„Пратеникот има право да располага со средствата тука и да има помош од техниката и од службата, но тоа не значи дека има право да крши. Настанот кој што се случи во Собранието е пријавен во МВР и е извршен увид на лице место. Пријавата е дека во Собранието се случува насилство. Ако сметаат дека има елементи на кривично правна одговорност ќе треба да се обратат до обвинителството“, вели Џафери.
За разлика од Крмов, пратеникот од ДУИ Арбер Адеми нема да ја плати штетата кога на комисиска расправа искорна микрофони, бидејќи настанот не бил пријавен. Од комисиската расправа немало директен пренос, туку одела репризна снимка и никој не го пријавил инцидентот.
Крмов по настанот изјави дека ќе ја плати штетата.
„Видов дека претседателот Џафери изјавил дека ќе ми ја пратат сметката. Слободно, тоа е најмалиот проблем, ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот е неповратна“, рече Крмов.
Според пратеникот, Собранието со новиот Деловник на еден начин се самоукина, затоа што како што кажа повеќе нема да постои опозиција која ќе може да ги блокира лошите закони.
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на таа седница со чевел удираше печат на амандманите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…