Еве која е најбрзата диета во светот

t

Постојат многу диети кои гарантираат брзи резултати и слабеење речиси преку ноќ, а ниту една не се препорачува како долготраен начин на исхрана.

Клучот за здраво слабеење и губење килограми така што нема да се вратат е урамнотежена и здрава исхрана, која вклучува протеини и многу свежо овошје и зеленчук.

Сепак, многу луѓе често прибегнуваат кон брзи решенија, па затоа диетата Џифи е популарна со години, наречена е по терминот jiffy, што значи „брза“. Обично трае само 24 часа, а не се препорачува никому така да се храни повеќе од три дена, бидејќи е крајно ригорозна.

Станува збор за диета која е измислена во текот на 50-тите години на минатиот век, кога беа популарни холивудските слаби жени и кога жените прибегнуваа кон многу нездрави решенија за да го избркаат гладот, како што е пушењето цигари.

Моника Гренел понуди модерна верзија на оваа строга диета за која вели дека им помогнала на многу ѕвезди. Таа тврди дека Џифи диетата го прави стомакот рамен за само еден ден и дека многумина ја држат кога за одредена прилика треба да имаат помал стомак.

– Целосно е можно да се намали стомакот за 24 часа. Мојата диета веќе им помогна на многу актерки и манекенки, а ја користат и девојките пред првиот состанок, тврди Гренелова.

– се јадат помали оброци на секои три часа, дури и ако тоа е само една чаша млеко
– забрането е џвакање гуми за џвакање и разговор за време на оброците бидејќи голтнатиот воздух предизвикува надуеност
– пушачите мораат да се откажат од цигарите додека се на Џифи диета
– избегнувајте газирано, вклучително и минерална вода или кафе со пена
– строго е забрането грицкањето помеѓу оброците, па дури и бадеми
– задолжително пијте поголема количина вода, но во помали голтки за да не се излачува се во урината
– дозволени се течности: вода, кафе и кафе со млеко без шеќер

Појадок: омлет од две јајца и чаша јогурт
Ужина: помала чаша јогурт
Ручек: конзерва процедена туна, малку младо сирење
Три часа после ручек: кафе со млеко
Вечера: омлет од две јајца и малку младо сирење

Во случај на гладување помеѓу оброците или после вечерата, Гренелова препорачува да се испие чаша топло млеко за да се „смири“ желудникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…

Веб-страниците на владата и на министерствата беа…

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…

Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…

Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…

Германија го подигна нивото на опасност од…

Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…

ММФ предупредува: Војната ја турка економијата на…

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека економијата на…