Еве кој се 10 најпродавани автомобили – погледнете!
Дачиа Сандеро втор месец по ред и вкупно четврти оваа година е најпродаваниот модел во Европа. Извесно е дека ќе води тесна борба против Тесла Модел Y во борбата за титулата најпродаван автомобил во Европа во 2023 година.
Имено, во ноември дури 19.760 клиенти го избрале Сандеро, а тоа на Дачиа и донесе 9,5% подобра продажба од истиот месец минатата година.
По лошиот октомври, Тесла Модел Y речиси двојно се зголеми на 17.500 и се врати на второто место зад Сандеро. И покрај тоа, Тесла е барана марка минатиот месец, бидејќи Модел 3 со 16.300 примероци е трет најпродаван автомобил на Стариот континент.
Додека неговата продажба се движеше од рекордни до потпросечни продажби, електричниот модел Y на Тесла кумулативно забележа најголема продажба во 11 месеци од тековната година. Станува збор за речиси 230.000 испорачани единици низ Европа, додека Сандеро е втор со 217.244, а Фолксваген T-Roc е трет со 191.105 продадени единици во наведениот период, пред Пежо 208 и Рено Клио.
Ова се 10 најпродавани модели за 2023 година
1. Тесла модел Y 229.980
2. Дачиа Сандеро 217.224
3. Фолксваген T-Roc 191.015
4. Пежо 208 184.105
5. Рено Клио 181.675
6. Опел Корса 176.512
7. Фолксваген Голф 166.304
8. Тојота Јарис Крос 163.505
9. Фолксваген Тигуан 160.214
10. Шкода Октавиа 149.399
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се…
Земјите од Западен Балкан мора да станат…
Милановиќ: Стоиме пред сосема нови предизвици, би…
Денес стоиме пред сосема нови предизвици, во…
Негативен природен прираст во третото тримесечје –…
Во третото тримесечје од 2026 година во…
Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…
Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…
На 26 ноември 2026 година во 10:15…