Еве со која јачина беше почувствуван земјотресот од Албанија во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во повеќе градови одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчеравечер, во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Република Албанија, односно 130 км југозападно од Скопје.
Според синоќешните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на нашата Република, особено:
– во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени,
– во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…
17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…