ЕВН: Од синоќа санираме дефекти кои ги предизвика снегот, во некои делови има лоши теренски услови
Екипите на ЕВН од цела Македонија синоќа санираа дефекти во многу лоши теренски и временски услови, велат оттаму на прашање на А1он колку штети настанале во изминатото деноноќие, откако поради снегот падна високонапонскиот столб Вруток-Шпиље од 110 киловати.
„Екипите се уште работат на отстранување на вчерашните и ново настанатите дефекти од утринава. Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање. ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови“, велат од ЕВН.
Од таму посочуваат дека обилните врнежи од снег предизвикале голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа, а истовремено, жители од повеќе населени места останале без снабдување со електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
На последниот ден од летото вее снег…
Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…
Поларен бран со снег го погоди Нов…
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…
Снег завеа во делови од Балканот
Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…
(Видео) Делови од Бугарија под снег
Делови од Бугарија се разбудија со снег.…