ЕВН откри детали за инцидентот што ги вознемири жителите на Кисела Вода

t

Серија помали експлозии утрово ги вознемири жителите на населбата 11 Октомври во скопска Кисела Вода. Според сведоштва на станари, силните звуци за неколку минути ги натерале жителите да излезат од своите домови стравувајќи од поголем инцидент.

На местото интервенирале полициски екипи кои им помогнале на станарите безбедно да ги напуштат зградите, додека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен. Поради безбедносни причини бил исклучен целиот реон од електричната мрежа.

Од Електродистрибуција информираат дека првичните проверки покажале оти од засега непознати причини се запалила надворешната изолација на кабли кои не биле под напон. Пожарот потоа се проширил на електрични ормари и нисконапонски кабли што биле активни во моментот.

Увид на местото изврши и Министерството за внатрешни работи, од каде соопштија дека се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за целосно расчистување на случајот.

Стручните лица кои работат на терен ја отфрлија можноста дека причината за инцидентот е преоптовареност на електричната мрежа. Според нив, и покрај интензивната изградба во овој дел од градот, секој објект располага со соодветна трафостаница и потребниот електроенергетски капацитет.

Жителите, пак, велат дека подолг период живеат опкружени со градилишта и се загрижени за сопствената безбедност, особено по утринскиот инцидент кој предизвика страв и вознемиреност во целото маало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…

Триесет и петгодишен маж од скопско е…

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…

Пет активни пожари и пет под контрола…

На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…

ОН предупредуваат: Топењето на глечерите на Хималаите…

На хималајскиот регион во следните години му…