Објавено на:

ЕВН: Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото

t

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото. Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. “Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија.” велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.

Од МВР за Телма велат дека Електродистрибуција кај нив не пријавила ваков инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…

Жена од Гостивар била измамена од непознат…

Таткото на Меган Маркл е пуштен во…

Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…

Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…

Претседателството на Македонската академија на науките и…

„Максим е патриот на батерии од Кина“…

Алијансата на Албанците реагира на најавите на…

Пукано во автомобил во движење на патот…

На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…