Еврејската заедница поднесе кривична пријава за бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви вечерва истакна дека тие се згрозени од отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ и најавеното отворање на клуб со името „Цар Борис Трети“.
-Најавивме и поднесување кривична пријава. Потребно е време да се приложат докази, да се подготви пријавата и во тоа успеавме. Ангажиравме адвокатска куќа и во понеделникот ја упативме кривичната пријава до Јавното обвинителство во Охрид за отворање на здружението под тоа име. Се надевам дека ЈО ќе реагира доста брзо. Сите знаеме кој е Цар Борис Трети, информира Леви.
Тој во емисијата „24 анализа“ покажа фотографија од цар Борис Трети како се поздравува со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ е најавено за 7. октомври во центарот на Охрид со посебна свечена церемонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…