Објавено на:

Еврокомесарот за управување со кризи им се заблагодари на земјите од регионот кои понудија помош за справување со пожарите во земјава

t

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, се заблагодари на земјите од регионот кои понудија помош во справувањето со пожарите во С Македонија.

„Како одговор на вонредната состојба од шумски пожари во Северна Македонија, мобилизиравме помош преку Механизмот за граѓанска заштита на ЕУ. Им благодарам на Србија, Словенија и Турција што брзо понудија помош, распоредувајќи вкупно четири хеликоптери и два авиони за да помогнат во гаснењето на пожарите“, напиша еврокомесарот Ленарчиќ во објава на социјалните мрежи.

На скопскиот аеродром вчера пристигнаа еден хеликоптер и два „ертрактори“ од Турција кои веќе интервенираат во гасење на пожарите на отворен простор на повеќе локации во земјава.

Освен помошта од турските власти, за денеска е најавено дека соседна Србија во земјава ќе испрати противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода, седум припадници на српското МВР, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.

Помош од еден авион Канадер и два екипажи кои треба да помогнат во гасењето на пожарите најави и Хрватска.

Премиерот Христијан Мицкоски викендов изјави дека помош за гасење на пожарите е побарана од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…