Објавено на:

Европа на нозе, безбедносните служби на готовност поради новата руска закана – „Длабоко сме загрижени“

t

Безбедносните служби ширум Европа се во состојба на готовност од потенцијално ново оружје на руската војна – подметнување пожар и саботажа. Имено, низа пожари и напади на инфраструктура се забележани во балтичките држави, Германија и Велика Британија.

Откако избувна пожар во Икеа во Вилнус, Литванија, во мај, полскиот премиер Доналд Туск сугерираше дека тоа можеби е дело на странски саботер.

Инспекторите веќе ја наведоа потенцијалната вмешаност на Русија во пожарот во источен Лондон, пожарот што го уништи најголемиот трговски центар во Полска, обидот за саботажа во Баварија, Германија и антисемитските графити во Париз, пишува Гардијан.

Иако нема конкретни докази дека овие напади ширум континентот се координирани, безбедносните служби веруваат дека тие би можеле да бидат дел од систематскиот обид на Москва да го дестабилизира Западот, кој ја поддржува Украина.

Загриженоста дека овие хибридни напади би можеле да бидат дело на Русија е таква што тие беа дискутирани на самитот на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел оваа недела со холандски, естонски и литвански безбедносни претставници, сите предупредувајќи на националните ранливости.

Министер, кој сакаше да остане неименуван, рече дека тие се длабоко загрижени за „саботажа, физичка саботажа, организирана, финансирана и извршена од руски полномошници“.

Туск минатата недела откри дека полските власти уапсиле девет лица во врска со саботажа, наводно извршена по наредба на руските служби.

Тој рече дека злосторствата наводно вклучуваат „тепање, палење и обид за палење“ и дека иследниците испитуваат дали Русија е вмешана во пожарот во трговскиот центар во Варшава, тврдење што руската амбасада го опиша како теорија на заговор.

Во април, Британец беше обвинет дека организирал подметнати пожари во две единици поврзани со украински бизнисмен во индустриски имот во Лејтон, источен Лондон, и наводно бил регрутиран од руското разузнавање. Обвинителството објави дека мажот бил „вклучен во однесување кое таргетирало компании поврзани со Украина со цел да има корист на руската држава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…