Европа нема етика и демократија – Варуфакис уморен и разочаран

t

Демократски дефицит на ЕУ. Со овие зборови, грчкиот интелектуалец и познат европеист Јанис Варуфакис го „дијагностицира“ клучниот проблем на Европа денес, во колумна што ја објавува порталот globe.mk.

„Клучните политики со кои мнозинството членки на Советот не се согласуваат се усвојуваат без никаков отпор. Освен тоа, политичко тело што би можело да ги оценува постапките на Советот, да го повикува на одговорност и по потреба и да го смени како и секој друг орган на управата, во овој случај не постои. Исто така, формалното право на Европскиот парламент (кој нема право да покренува законодавни иницјативи) да ја распушти комисијата е корисно колку и купувањето нуклеарна бомба за грчката морнарица да може да брани некое мало островче во близината на брегот со Турција“, пишува Варуфакис.

Со војната во Украина се урнаа аспирациите на Европа да стекне стратегиска автономија во однос на САД, кои и покрај формалната пристојност покажана по поразот на Трамп во 2020 година и натаму ја сметаат ЕУ за противник кој мора да се држи под контрола. Во идниот мировен договор меѓу Русија и Украина ЕУ ќе игра споредна улога, пишува Варуфакис и додава:

„ЕУ веќе не се ни труди да глуми дека настапува од позиција на принципиелен космополитизам. Европјаните им се потсмеваа на изјавите на Трамп дека ќе подигне ѕид на границата со Мексико за да ја спречи илегалната имиграција, но сега ЕУ покажа дека е многу поефикасна од Трамп во кревање ѕидови. На границите меѓу Турција и Грција, во мароканската енклава во Шпанија, на источните граници на Унгарија и Романија, а сега и во Тунис, ЕУ финансира подигање на гнасни пречки на кои Трамп може да им позавиди. И никој не се спротивставува на незаконските постапки на чуварите на нашите брегови кои работат во соработка со Фронтекс, што придонесе за смртта на илјадници луѓе во водите на Медитеранот”, пишува Варуфакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…