Објавено на:

„Европа постепено влегува во војната, во Унгарија се уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно“

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходно прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.

Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна, во Унгарија се уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарија го зборува јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика, посочи Орбан.

Орбан за унгарското државно радио изјави дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој кој интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така, зазема став кој поддржува една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.

Според него, Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…