Објавено на:

Европа старее, се зголемува просечната возраст во ЕУ

t

Просечната возраст на населението во Европската унија на 1 јануари минатата година достигна 44,7 години, објави Евростат. Тоа значи дека половина од населението на ЕУ на тој датум имало повеќе од 44,7 години, додека другата половина била помлада.

Во цела ЕУ, просечната возраст се движеше од 39,4 години во Ирска до 48,7 години во Италија.

Просечната возраст е зголемена за 2,2 години од 2014 година, кога беше 42,5 години.

Зголемувањето е забележано во сите земји на ЕУ, освен во Малта, каде што има намалување за 0,7 години и во Германија, со пад од 0,1 година.

Според податоците на Евростат, стареењето на населението во последните десет години е најизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка, каде просечната возраст е зголемена за четири години. Просечната возраст на населението се зголеми за 3,8 години во Кипар, Шпанија и Полска.

Според пописот од 2021 година просечната возраст на населението во Македонија била 40,08 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…

Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…