“Европејски вредности”: Демолиран македонскиот културен клуб во Благоевград

t

Вечерва е демолиран Македонскиот културен клуб во Благоевград, Никола Јонков Вапцаров, дознава НОВА. Вандализмот бил пријавен во 21:40 часот во локалната полициска станица.

При патрола, бугарската полиција забележала дека е скршено стаклото на македонскиот клуб на улицата „Димитар Димов“ во Благоевград. Четири камења се пронајдени пред клубот, дознава НОВА.

За среќа во настанот нема повредени Македонци.

Инаку пред малку Основниот суд во Крива Паланка им изрече парични казни и мерка протерување од Македонија на бугарскиот пратеник и уште двајца бугарски државјани кои утрово нападнаа македонски полицајци на граничниот премин Деве Баир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес утрово го стресе Благоевград

Земјотрес со јачина од 3,7 степени е…

Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен…

Агенцијата за регистрација одби да го регистрира…

Четири лица се приведени за нападот на…

Четири лица се приведени за вандализирањето на…

Членовите на македонскиот клуб во Благоевград: Досега…

За Македонската телевизија членовите на македонскиот клуб во Благоевград…

Врти-сучи пак ние криви: Клубот беше создаден…

Македонскиот културен клуб во Благоевград осамна со…