Европратениците Ќучук и Валсман денеска во посета на македонското Собрание

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе оствари средба со европратениците Марион Валсман и Илхан Ќучук.

Според информациите објавени на веб-страницата на Собранието, на средбата ќе присуствува и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка подготвителна сесија со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.

Во рамките на посетата, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии застапени во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…

ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…