Европратеничката Јовева до Вучиќ: „Светот гледа“
Европратеничката Ирена Јовева му порача на Александар Вучиќ дека меѓународната јавност го следи изборниот процес во Србија и го повика изборниот ден да заврши без насилство, во услови на сè почести предупредувања за можни инциденти по затворањето на избирачките места.
„Додека се затвораат избирачките места во Србија, сè почести се предупредувањата за можно насилство што би можела да го организира СНС, заедно со извештаите за изборни неправилности“, изјави Јовева.
Таа упати директна порака до Вучиќ, поранешниот претседател на Србија и носител на листата на владејачката Српска напредна странка (СНС) на парламентарните избори.
„А. Вучиќ, светот гледа. Не мешајте ја дипломатската воздржаност со подготвеноста да се сврти главата на другата страна. Доста е. Без закани. Без насилници. Без неказнивост“, порача европратеничката.
Нејзината реакција доаѓа во момент кога повеќе меѓународни претставници предупредија на можноста од насилство по затворањето на избирачките места во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…