Објавено на:

Европската комисија го опомени Берлускони: Да не се опушта многу со Путин

t

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, порача дека е “повторно во контакт“ со рускиот претседател и дека тие размениле подароци, Европската Комисија бара да се држи до официјалната линија на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Берлускони, чија партија е во преговори за учество во идната владина коалиција во Италија, изјавил дека е еден од “петте искрени пријатели на Путин“ и дека го “обновил“ неговото пријателство со рускиот претседател, пренесе италијанскиот медиум “Ла Пресе“ во аудио снимка. Силвио Берлускони рекол дека Путин му испратил “љубезно писмо“ и 20 шишиња руска водка. Водката е дел од санкциите на ЕУ. Од снимката се дознава и дека италијанскиот политичар му возвратил на Путин со италијанско пенливо вино за неговиот роденден.

Европската Комисија не беше во можност веднаш да одговори на прашањето дали е дозволено да се разменуваат подароци со руски функционери и политичари согласно санкциите против Русија. Но портпаролите на ЕК попладнево потсетија што се очекува од политичарите во ЕУ кога комуницираат со руски официјални лица, вклучително и рускиот претседател.

-Разни политичари сакаат да обноват контат, кога станува збор за земјите членки на ЕУ тие се слободни да имаат билатерални контакт, но очекуваме да ја почитуваат позицијата и политиките на ЕУ и да ги сведат контактите на минимум, изјави Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика.

Таа додаде дека во комуникацијата со руските официјални лица, политичарите од ЕУ земјите да ги пренесуваат позициите на ЕУ за нелегитимната агресија врз Украина и да бараат од Русија веднаш да стави крај на војната.

Комисијата потврди дека нема став за размена на „љубезни писма“ со руски владини претставници или со Путин.

Европската Унија истото го очекува и од земјите кои не се членки на ЕУ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…