Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор
Европската комисија (ЕК) денеска во изјава за „Еуроактив“ ги повика Скопје и Атина обострано да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби. Во изјавата за порталот, портпаролот на Комисијата изјавил дека билатералните договори треба да се спроведуваат со добра волја од двете страни.
„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција“, изјави за „Еурактив“ портпарол на Европската комисија.
На инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова за нова претседателка на државата, на која таа не го кажа уставното име на државата, туку кажа само Македонија, претходно реагираа челниците на Европската Унија.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, неколку часа по инаугурација речиси истовремено упатија честитки до новата претседателка на земјава, но упатија и порака дека за да го продолжи својот пат кон ЕУ, С Македонија треба да ги почитува меѓународните договори како Преспанскиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…