Европската комисија предупредува на исклучително тешка зима: Енергетската криза повторно се заканува на европската економија

t

Европската Унија се подготвува за исклучително тешка зима поради високите цени на енергенсите и неизвесноста околу глобалното снабдување со нафта и природен гас, предупреди Европската комисија.

На прес-конференција во Брисел, портпаролката за енергетика Ана-Кајса Итконен оцени дека Европа се соочува со многу непредвидлива состојба на енергетските пазари.

Според неа, иако во моментов не постои непосреден проблем со физичкото снабдување со енергенси, високите цени можат сериозно да ја погодат финансиската состојба на домаќинствата и конкурентноста на европската индустрија.

Еден од најголемите проблеми останува Ормускиот Теснец, каде што воените операции и ограничувањата на пловидбата предизвикуваат сериозни нарушувања на глобалниот енергетски пазар.

Пред почетокот на конфликтот, преку овој стратешки премин се транспортирала приближно една петтина од светската трговија со нафта и течен природен гас.

Портпаролката на Комисијата предупреди дека Брисел нема јасна претстава кога состојбата во регионот би можела да се стабилизира.

Дополнително, Европската комисија разгледува промени во правилата поврзани со увозот на метан, со цел да се обезбеди поголема флексибилност и да се намалат трошоците за европските компании.

Главната портпаролка Паула Пињо нагласи дека европските институции не можеле однапред да ја предвидат сегашната криза во Ормускиот Теснец и нејзините последици врз светскиот енергетски пазар.

Предупредувањето доаѓа во период кога европските економии се соочуваат со комбинација од високи трошоци за енергија, притисок врз индустриското производство и ризици од нов бран инфлација.

Особено изложени се енергетски интензивните индустрии, како хемиската, металуршката и производството на вештачки ѓубрива.

Доколку високите цени на нафтата и природниот гас се задржат во текот на зимските месеци, европските влади би можеле да се соочат со дополнителен притисок за финансиска помош на домаќинствата и стопанството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија предупредува на исклучително тешка зима:…

Европската Унија се подготвува за исклучително тешка…

Нов скандал ја тресе Бугарија: Радев од…

Бугарскиот премиер Румен Радев побара од директорот…

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија…

Се повеќе е евидентна тезата која веќе…

Михајлова немала никакви здравствени проблеми, бегството е…

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави…

МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ…

Тројца скопјани на возраст од 43, 35…