Европска криза за лекови: Рекордни поскапувања на антибиотиците

t

Нарушувањата во европската економија, предизвикани од војната во Украина и санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, деновиве во Унгарија се рефлектираат во галопирачкиот раст на цените и недостигот на одредени производи на пазарот.

Според Националниот институт за фармација и безбедност на храна (OGIEI), повеќе од 1.500 лекови во моментов недостасуваат на полиците на аптеките во оваа земја. Најчести причини за недостиг се, како што е наведено, проблемите во производството, предизвикани од недостаток на активни супстанции, како и тешкотиите поврзани со транспортот и складирањето. Многу лекови или основни состојки за домашната фармацевтска индустрија доaѓаа од руски и украински производители, со кои соработката беше отежната или прекината, поради актуелниот воен конфликт, пишува белградска Политика.

Иако се понудени замени за многу од исчезнатите лекови, отсуството на некои лекови, како оние што се користат за лекување на различни форми на анксиозност, е тешко да го поднесат пациентите во Унгарија. Забележливи се и недостигот на одредени антибиотици и офталмолошки лекови, кои во пракса се покажаа како многу ефикасни, па пациентите неволно се одлучуваат за понудените терапевтски алтернативи.

Во моментов, според податоците достапни на веб-страницата на OGIEI, е забележан недостиг од 1.545 фармацевтски производи меѓу кои најмногу антибиотици, со напомена дека институтот активно соработува со производители, дистрибутери и трговци на големо од земјите на ЕУ за решавање на недостигот. Како што велат, кога има потреба од увоз на големи количини на лекови за замена, лиценците се издаваат со квоти, додека во други случаи, кога само неколку пациенти се погодени од недостиг, лекарот може да користи индивидуално барање за набавка на лекови од увоз.

Поради актуелната економска криза, жителите на Унгарија во наредните денови треба да очекуваат недостиг на одредени прехранбени производи. Според Федерацијата на унгарската прехранбена индустрија (ФЕС), одредени главни намирници, би можеле да исчезнат од полиците на супермаркетите. Најголемиот недостиг, кој моментално ги погодува сопствениците на малите продавници, е поврзан со недоволното количество шеќер, изјави за порталот „Индекс“, генералниот секретар на Унгарската национална трговска асоцијација, Каталин Нојбауер. Според неа, причина за недостигот е замрзнатата цена на шеќерот, поради што ретко стигнува до помалите продавници.

Слично како и во Унгарија и во Хрватска медиумите јавуваат дека недостасуваат лекови особено за оние лица со хронични болести. Во само една аптека недостасуваат речиси 300 препарати, на листата се и лекови за најчувствителните групи на население, децата.

Во сирупот нема антибиотици и антипиретици, а малите деца не знаат и не можат да пијат апчиња. Ситуацијата е драматична со недели. Ова не се случува во Хрватска, но затоа се случува во една од најразвиените земји во Европа, во Германија, а прашање на денови е кога ќе има слично сценарио во хрватските аптеки и болници. Причината е многу едноставна, практиката на континуирано намалување на цените на генеричките лекови, која ја спроведуваат здравствените власти во повеќето европски земји со цел да ги намалат трошоците за сè поскапиот третман, некако функционира во нормални околности и со години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…

Европол: Заканата од теpоpизам во Европа е…

Ризикот од терористички напади во Европа е…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

Орбан посеа паника во Европа?

Една недела пред состанокот на Европскиот совет…

Тис: Доколку избие војна во Европа, ќе…

Очајот во европските метрополи кога станува збор…