Објавено на:

Европскиот парламент во вторник и четврток трет пат гласа за скенирањето приватни пораки

t

Пред неколку месеци, на 26 март, Европскиот парламент со јасно мнозинство (311 наспроти 228 гласови) го отфрли продолжувањето на привремената дозвола за доброволно скенирање приватни пораки заради откривање материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца, попознато како „Chat Control”. Регулативата официјално истече почетокот на април.

Наместо да се откажат, земjите членки во Советот на ЕУ прибегнаа кон правен трик, бидejќи истечена регулатива не може формално да се продолжи, подготвија целосно нов текст со идентична содржина, преку забрзана постапка.

Проблемот е во тоа што предлогот сепак мора да помине низ Парламентот, а конзервативната ЕНП побара да се примени ретко користена „редовна законодавна постапка”, кај која текстот автоматски се смета за усвоен освен ако апсолутно мнозинство пратеници, најмалку 361 од вкупно 720, изречно не гласаат против.

Гласањето за самата итна постапка е денес, вторник, а доколку помине, конечната одлука следи веќе во четврток, последниот ден пред летната пауза, кога традиционално присуствуваат помалку пратеници.

Дополнителна контроверзија предизвика и начинот на кој претседателката Роберта Метсола лично се вклучи во поддршката на итната постапка, што ја стави во отворен судир со дел од сопствените колеги. „Зелената“ пратеничка Маркета Грегорова го нарече потегот „неприфатлив” и предупреди дека ја поткопува позицијата на самиот Парламент. Против се и организации за дигитални права и истражувачи по сајбер безбедност, кои велат дека технологиите за скенирање сè уште имаат премногу висока стапка на грешки.

Исходот од четврток веројатно ќе го одреди и тонот на потешките преговори за трајната регулатива, позната како „Chat Control 2.0″.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…

Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…