Објавено на:

Европскиот Парламент изгласа суспензија на царините за увоз на стоки од Украина

t

Европскиот Парламент денеска гласаше за едногодишна суспензија на царините за увоз на стоки од Украина со цел да се поддржи економијата на таа земја зафатена од војна.

За оваа привремена мерка гласаа 515 пратеници во Европскиот парламент, 32 беа против, а 11 воздржани.

Мерката опфаќа суспензија на царините за увоз на индустриски производи, овошје, зеленчук и челик.

ЕУ е најважниот трговски партнер на Украина, со учество од над 40 отсто во нејзината минатогодишна трговија. Пред војната, Украина беше 15-ти најголем трговски партнер на ЕУ, со учество од околу 1,2 отсто во нејзината трговија.

Во 2016 година, ЕУ и Украина потпишаа договор за придружување со цел отворање на украинските пазари и продлабочување на врските на земјата со Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…