Европските разузнавачи згарижени: Инвазија на кинески шпиони во Европа

t

Француски разузнавач познат само како „Анри М“кој е испратен на  задача во Пекинг,  е заведен однносно се заљубува во преведувачката  на амбасадорот и почнува да испраќа корисни разузнавачки информации класифицирани како доверливи на непријателот. Недолго потоа, тој беше отповикан, вратен во Франција и осуден на осум години затвор во 2020 година за давање информации на странска држава. Но, ова не е изолиран случај, сите кинески разузнавачки агенции користат слична стратегија за да ги привлечат членовите на конкурентните служби во мрежата на пајакот и да земат информации од нив.

Во слична „заводничка“ стапица е фатен и неговиот колега Пјер-Мар Х, кој работел во Кина до 2017 година. Тој доби 12 години затвор.

Драстичните казни се дел од решителноста на Франција да ги открие злосторствата преку опсежни судења, но ги потврдуваат и европските сомнежи дека кинеските шпионски и контраразузнавачки служби претставуваат се поголема закана, дури и поголема од онаа што доаѓа од Русија.

„Кинеското разузнавање не е помалку опасно од контрарауззнавачките операции. Кинеските шпионски операции сега се дури и подобри од руските“, тврди поранешен висок функционер на американската ЦИА.

Кина е нашироко позната по напредните сајбер напади, како што е нападот врз Мајкрософт во 2021 година кога беа компромитирани 30.000 организации ширум светот, а нападот беше докажано дека го извршила група поддржана од официјален Пекинг. Кина, очекувано , ги отфрли овие обвинувања.

Сè понапреден е и методот на собирање податоци преку директно човечко дејство на теренот (HUMINT), што на Запад беше протолкувано како сигнал за највисока опасност.

„Русите се занимаваат и ја развиваат шпионажата уште од пред Советската ере вели поранешниот шеф на британската разузнавачка агенција МИ6, Алекс Јангер, алудирајќи на фактот дека Кинезите имаат послаби софтверски способности кога станува збор за вештачката интелигенција, но опасно се приближуваат до рускиот начин на постапување и до руската ефектност во шпиунските акции..

Шефот на МИ5, Кен МекКалум, вели дека кинеската комунистичка партија инвестира многу во развојот на шпионажата, оценувајќи ги овие настојувања на Пекинг како сериозна закана по безедноста на западниот свет
Западните разузнавачки експерти сметаат дека кинеската шпионажа не е слична на руската и дека е многу тешко да се каже кој е, а кој не е агент.

Руските шпиони главно се фокусирани на високи функционери и развиле бројни разузнавачки вештини како што се кршење кодирани информации за да дознаат конкретни информации. Сепак, Кинезите многу пошироко го развиваат својот шпионски систем, а исто така се ангажирани и во политичко влијание, лобирање или пласирање комерцијални реклами кои го менуваат јавното мислење или собираат технолошки информации. Кинеската варијанта вклучува „пристап на целото општество“, велат експертите.

„Русите понекогаш знаат да бидат несмасни и арогантни, а кинеските разузнавачи избегнуваат секаква можност за скандал бидејќи сакаат да го зачуваат угледот на „добри билатерални односи“, вели еден поранешен американски разузнавач и додава дека ова е сосема нова парадигма во меѓународните разузнавачки операции. .

Таквите тактики понекогаш може да пропаднат, па затоа е можно повеќе исти разузнавачки агенти да ја следат истата цел, но тие сепак се многу ефикасни. а ЕУ проценува дека овие операции ја чинат ЕУ 50 милијарди долари годишно.

„Ефикасноста е многу важна за кинеското разузнавање“, вели Најџел Инкстер, исто така поранешен директор на MI6 и стратег за меѓународни односи.

Европа досега протера повеќе од 600 руски дипломати и разузнавачи од почетокот на инвазијата на Украина. Сепак, слична ситуација со Пекинг би можела да биде значително понапорна бидејќи ќе биде многу тешко да се утврди идентитетот на сите бројни разузнавачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Маск во ненајавена посета на Кина

Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната…

(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…

Пет лица загинаа вчера во торнадо во…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…