Европски вредности на ниво: ЕУ ќе ја тужи Унгарија заради рестриктивен закон за ЛГБТ прашања
Извршната власт на Европската унија денеска одлучи да ја тужи Унгарија пред највисокиот суд на ЕУ поради рестриктивниот закон за ЛГБТ прашањата.
Една година ЕУ се обидува да ја принуди Унгарија да го промени законот со кој се забрануваат содржини кои прикажуваат или промовираат хомосексуалност. Европската комисија објави дека законот „дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет“, пренесува Бета.
„Комисијата смета дека законот ги крши правилата на внатрешниот пазар, основните права на поединците, особено на ЛГБТ лицата, како и во однос на тие основни права и вредностите на ЕУ“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…