Објавено на:

Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во ЕУ – 48.000 само во 2024 година

t

Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на земја од Европската Унија во 2024 година, при што Албанците се меѓу водечките националности во однос на натурализацијата во ЕУ, објави Евростат.

Во споредба со 2023 година, има зголемување од 11,6 проценти, додека во споредба со 2014 година, бројот на стекнати државјанства се зголемил за 54,5 проценти, од 762.100 на 1,2 милиони. Германија примила најмногу нови граѓани, 288.700, по што следуваат Шпанија со 252.500 и Италија со 217.400. Од вкупниот број на оние што добиле државјанство, 88 проценти доаѓаат од земји надвор од ЕУ, додека 10,6 проценти биле државјани на други земји-членки на ЕУ. Најголем број нови граѓани на ЕУ се Сиријци (110.000), Мароканци (97.100) и Албанци (48.000), објавува „Газета блиц“.

Кога станува збор за стапките на натурализација, Шведска е на прво место со 7,5 проценти од странските државјани на кои им е доделено државјанство, по што следуваат Италија со 4,1 процент, како и Шпанија и Холандија со по 3,9 проценти. Од друга страна, Литванија има најниска стапка од само 0,1 процент, додека Бугарија и Естонија бележат по 0,3 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…