Еврото официјално единствено средство за плаќање во Бугарија
Бугарија официјално го воведе еврото како единствено средство за плаќање од 1 февруари, со што заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да користат и бугарски лев и евро при секојдневните трансакции.
Од бугарското Министерство за финансии потврдија дека од вчера левовите повеќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците сега се обврзани кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без разлика на тоа во која валута е извршено плаќањето претходно. За да се спречат шпекулации и да се задржи транспарентноста, цените во продавниците ќе останат двојно прикажани – во левови и евра – сè до 8 август.
Граѓаните кои сè уште поседуваат левови можат да ги заменат во евра бесплатно преку финансиските институции до 30 јуни. По овој датум, Бугарската народна банка ќе продолжи да ја нуди услугата за замена на неодредено време и без дополнителни трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…