Еврото чека нови членки: Вратата за еврозоната е отворена, но под еден услов
Европската централна банка (ЕЦБ) секогаш е подготвена да прими нови земји во еврозоната доколку ги исполнат сите критериуми за пристапување, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршувањето на дводневната седница на Управниот совет на Банката во Франкфурт.
На седницата, Управниот совет на ЕЦБ одлучи основните каматни стапки да останат непроменети.
Прашањето за можни нови членки на еврозоната беше поставено по изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар во јуни, дека Унгарија би можела да ги исполни условите за воведување на еврото околу 2030 година.
Според последниот Конвергентен извештај на ЕЦБ за 2026 година, објавен кон крајот на јуни, ниту една држава надвор од еврозоната во моментов не ги исполнува сите критериуми за воведување на еврото. Во извештајот се наведува дека Унгарија не ги исполнува ниту економските, ниту правните услови за пристапување.
– Како што знаете, постои јасно утврдена процедура. Секогаш сме подготвени да пречекаме нови членки доколку ги исполнуваат сите барања, а оценката за конвергенцијата е позитивна. Ќе видиме како ќе се развива процесот, но тоа секогаш бара време – изјави Лагард.
Таа нагласи дека Европската централна банка нема надлежност да одлучува за прием на нови држави во еврозоната.
– Нашата улога е да даваме мислења, вклучително и за исполнувањето на критериумите, како што е инфлацијата, додека конечните одлуки ги носат Европскиот совет и Европската комисија – истакна претседателката на ЕЦБ.
Лагард потсети дека сите земји-членки на Европската Унија, со исклучок на Данска, имаат обврска во иднина да го воведат еврото кога ќе ги исполнат условите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 12 часот во Србија гласале 34,55…
До 12 часот гласале 34,55 отсто од…
Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…
МВР информира дека вчера попладне во 14:10…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…