ЕГЗОДУС: 53.000 Македонци се преселиле во Германија во 2022 година!
Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.
Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија или во други европски држави и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот.
Така на пример, од Неготино и Кавадарци пред три години во Германија се преселиле неколку семејства, кои сега живеат во мало место во близина на Дортмунд, а во меѓувреме успеале да им помогнат на повеќе нивни сограѓани и да им обезбедат работа и сместување, па така нивниот број годинава значително се зголемил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…