Објавено на:

Египет купува суровини за производство на лекови против мајмунски сипаници

t

Египетските власти презедоа чекори за увоз на суровини потребни за производство на лекови против мајмунски сипаници, изјави вршителот на должноста министер за здравство Калед Абдел Гафар.

Тој истакна дека во Египет досега не се идентификувани случаи на заразната болест.

Египетската Влада стапи во контакт со неколку компании за увоз на суровини за производство на лекови, како и тестови за откривање на вирусот. Исто така, се планира да се купи „Тековиримат“ (Tecovirimat), лек што се користи за лекување на сипаници и слични вируси, вклучително и мајмунски сипаници.

Египетскиот научен комитет формиран за пандемијата Ковид-19 ќе објавува дневни извештаи за состојбата со мајмуните сипаници ширум светот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…