Егоров го доби репесажот и донесе бронза за Македонија на МИ!
Македонија освои уште еден медал во борење на Медитеранските игри во Алжир. Владимир Егоров го доби репесажот и ја грабна бронзата.
Егоров во категоријата до 65 килограми несреќно загуби од Хафез од Египет, но затоа што тој влезе во финале, македонскиот претставник доби шанса да се бори за бронзениот медал.
Во репесажот, Владимир Егоров беше надмоќен во однос на домашниот борач Абделхак Хербаче, кого го совлада со 7-2.
Вториот медал за Македонија го има Магомедгаџи Нуров, кој е во финалето на турнирот во борење и ќе се бори за златото со Актурк од Турција.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…