Егоров немаше сили за изненадување, запиша убедлив пораз од петтиот носител!
Уште еден македонски претставник не успеа да ја мине првата пречка на Летните Олимписки Игри во Париз.
Владимир Егоров забележа пораз во првото коло во категоријата борење слободен стил до 57 килограми. Нашиот борач немаше поволна ждрепка, затоа што за противник го доби петтиот носител Амар Шерават од Индија. Индиецот ја потврди улогата на фаворит и на доминантен начин го совлада македонскиот претставник со вкупен резултат од 10-0.
Денес, уште еден македонски претставник ќе настапи во Париз, Милјана Рељиќ во теквондо до 57 килограми. Нејзин противник ќе биде една од најдобрите на сите времиња – Џејд Џонс од Велика Британија.
Извор: GOL.MK
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…