Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје
Вчера попладне во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, едно лице загина, а две се тешко повредени.
Сообраќајката се случила околу 15 часот, кога автомобил во кој се превезувале три лица излетал од автопатот во атарот на Агино Село. Во несреќата починало едно лице, додека другите две со тешки повреди се пренесени на лекување.
„Околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на Агино село, кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А. (64) од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт. Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово интервенирале на извлекување на автомобилот од 15,35 до 17.35 часот со 1 возило и 4 пожарникари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…