Објавено на:

Еден загина, десетици се повредени, меѓу нив и дете во новите руски напади на Одеса

t

Во рускиот напад врз пристанишниот град Одеса, во неделата вечерта загина цивил, а околу петнаесет лица, меѓу кои и деца, се ранети, изјави гувернерот на тој регион.

„За жал, еден цивил беше убиен во напад на Русите на Одеса во текот на ноќта“, напиша гувернерот Олех Кипер на Телеграм.

Кипер малку порано извести за „рускиот напад во 3 часот по полноќ“ (02:00 часот по средноевропско време).

„Во Одеса имаме 18 жртви, меѓу кои четири деца. Четиринаесет лица се пренесени во градските болници, меѓу кои три деца“, рече тој, додавајќи дека спасувачките екипи се на местото на настанот.

Пред тоа, гувернерот зборуваше за „штети на цивилната инфраструктура, станбените згради и верските институции“.

„Повеќе системи за ракетна одбрана“ и тактички проектили за Украина, побара шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак.

Одеса, чиј историски центар е вклучен во списокот на светско наследство, редовно е цел на руски напади.

Градот доживеа „ноќ од пеколот“ во четвртокот, при што Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито.

Во петокот, УНЕСКО „најостро ги осуди“ руските напади врз „неколку музеи“ кои „претрпеа штета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…