Објавено на:

Еден од најблиските луѓе на Зеленски: Враќањето на окупираните територии може да започне утре!

t

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија.

Тој не сакаше да даде точен датум, но во интервју за Би-Би-Си рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“.

Данилов додаде дека украинската влада „нема право на грешка“ бидејќи ова е „историска можност“ што не можат да си дозволат да ја изгубат.

Како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Данилов е еден од најблиските луѓе на претседателот Володимир Зеленски.

Тој потврди дека дел од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, но додаде дека се прегрупирале на три локации и дека тоа не значи дека престанале да се борат.

Коментирајќи го распоредувањето на руското нуклеарно тактичко оружје во Белорусија, Данилов истакна дека е „апсолутно мирен“ во врска со тоа и дека тоа за него не е некоја вест.

Украина со месеци планира контраофанзива, но сакаше да има што е можно повеќе време за обука на војници и добивање воена опрема од западните сојузници.

Во меѓувреме, руските сили ја подготвуваа својата одбрана.

Многу работи се во залог, со оглед на тоа дека владата во Киев треба да им покаже на Украинците и своите западни сојузници дека може да ги пробие руските линии, да стави крај на воениот судир и да врати дел од својата суверена територија, пишува Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…