Објавено на:

ЕДЕН ОД УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА УЧЕСТВУВАЛ ВО ПОТРАГАТА ПО НЕА: Намерно ги насочувал инспекторите во друг правец, а паднале само поради една разменета порака!

t

Еден од осомничените за убиството на Данка се обидел да ги збуни инспекторите на МВР кои деноноќно работеле на расветлување на мистериозното исчезнување на двегодишното девојче учествувајќи во потрагата, дознава српски Информер.

Според порталот, откако со автомобил „фиат панда“ во алкохолизирана состојба го удриле девојчето кое се оддалечило од дома и откако еден од нив го задавил девојчето додека лежело повредено, убиецот се обидел да остане смирен и наводно ѝ помогнал на полицијата во потрагата.

Српски „Телеграф“, пак, напиша дека убијците вчера под придружба на полицијата лажно ја наведувале истрагата на терен покажувајќи на погрешна насока.

Откако форензика покажала дека во нивниот службен автомобил има траги од крв во нивниот службен автомобил, тие се уапсени.

Уапсените паднале на тест со полиграф и денеска го признаа злосторството. Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата. Српски државјанин сними видео со две жени и дете кое личи на Данка во Виена, по што се сметаше дека девојчето е украдено.
Но, се покажа дека тоа дете не е Данка.

Девојчето исчезна на 26 март.

Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен и Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“, велат дека се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски филм за Мара Бунева освои награда…

Филмот „Одмаздничката“ за Мара Бунева на режисерката…

(Видео) Неколку часа по молбата на Зеленски…

Најмалку пет лица загинаа, 32 се ранети…

Грк со „опел“ удрил во два автомобили…

Седумдесетгодишен Грк е тешко повреден откако со…

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане…

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на…

Екс градоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична…

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава…