Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје.
Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до прозорецот. Со сила ја подигнал ролетната, а со хебла отворил и влегол во куќата. Пребарувал и претурал, но бил забележан од сосед кој веднаш пријавил. Полициските службеници го затекнале и го лишиле од слобода пред да го доврши делото.
Бидејќи станува збор за лице кое нема постојано живеалиште или престојувалиште во Скопје, а и претходно се јавува како сторител на имотни деликти, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност осомничениот да врши и други кривични дела, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал…
На 21.09.2026 во 01:10 часот во Велес,…
ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Усмртен 47-годишен пешак
На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР…
Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера…
Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали…
Безживотно тело најдено на Шар Планина
Околу 17 часот и 30 минути од…
Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола…
Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во…