Единствена Македонија го подбра Мицкоски: Кој му дал право да преговара во име на сите Македонци?!
Ден по т.н. лидерска средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски гледаме жестоко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој што кажал, кој попуштил и слично.
Ова за Единствена Македонија која во основа се бори за одбрана на националните интереси воопшто не е битно. Единствена Макеоднија и македонскиот народ се силно вознемирени од тоа што го гледа цела Македонија, двајца претседатели на партии, Ковачевски и Мицковски на приватна меѓупартиска средба преговараат за иднината на македонската држава и македонскиот народ.
Единствена Македонија прашува, од каде извира правото на Ковачевски и Мицковски на приватна средба да го приватизираат и партизираат прашањето за сите Македонци во земјата и странство. Прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија или една влада туку на сите Македонци.
Единствена Македонија повторно го повикува Димитар Ковачевски да се вразуми и да одговори со привремен мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните избори кога и да се одржат на кои народот нека одлучи за иднината на земјата.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 8 јуни 2023 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…