Еди Рама се пошегува на сметка на Трамп за грешката со војната меѓу Албанија и Азербејџан, Макрон се изнасмеа

t

Албанскиот премиер Еди Рама одбра да го трола американскиот претседател Доналд Трамп за грешката што ја направи кога објави дека ја завршил – непостоечката – војна меѓу Албанија и Азербејџан, мешајќи ја Албанија со Ерменија, на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, пишува албанскиот портал 360 степени.

Рама во шегата го вклучи францускиот преседател Емануел Макрон велејќу му дека не му „честитал“ нему и на Илхам Алиев.

„Мора да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што Трамп го објави меѓу Албанија и Азербејџан “, се слуша како му вели Еди Рама на Макрон во присуство на азербејџанскиот претседател Алиев.

Откако ја слушна оваа „забелешка“, Емануел Макрон се насмеа и се извини, а Еди Рама му рече „во ред е“, а и целата толпа се смееше.

Грешката на Трамп се случи на 18 септември, во контекст на изјавите на Трамп на средбата со британскиот премиер Кир Стармер. Тогаш американскиот претседател потсети дека за време на неговиот мандат завршиле седум војни, вклучувајќи ја и таа меѓу Албанија и Азербејџан, која не постоела никогаш. Трамп ја помеша Ерменија со Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојко Борисов: Како граѓанин го поддржувам Ѓуров

„Граѓанинот Ѓуров побара јавно од сите граѓани…

До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…