Една година од заминувањето на Ѓорѓе Балашевиќ

t

Пред една година на 67-годишна возраст почина Ѓорѓе Балашевиќ, еден од најголемите текстописци на овие простори. Беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година започна соло кариера.

Во својата скоро петдецениска кариера, Балашевиќ одржа стотици концерти во градовите низ поранешна Југославија, сними 12 албуми и остави зад себе десетици хитови, од кои многумина станаа евергрини и химни за многу генерации во регионот.

Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.

Ѓорѓе Балашевиќ роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.

Неговото семејство претходно изјави дека нема да ја одбележат годишнината од смртта бидејќи на него мислат и се сеќаваат секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…

Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…

Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…

Левица: Министерот – глумец контра правата на…

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…

Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова…