Објавено на:

Една од омилените плажи во Грција ова лето ќе биде затворена за туристите – ова е причината

t

Плажата Навагио на островот Закинтос, летово ќе биде затворена за посетители, односно капачи и туристи, поради страв од дополнителни одрони.

Одлуката за забрана на пристапот до плажата Навагио била препорачана од тим експерти од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита (ОАСП), по посетата на локацијата на 8 март, како дел од редовната повторна проценка на нејзината безбедност.

Тимот на ОАСП соопшти дека постои значителен ризик од лизгање на земјиштето поради ерозијата на околните карпи.

„Безбедноста на жителите и посетителите е над сè и одлуката е донесена земајќи ги предвид новите научни податоци на ОАСП и неговиот претседател, професорот Ефтимиос Лекас, со оглед на големиот број посетители на овој простор за време на туристичката сезона“, вели министерот Василис Кикилијас.

Плажата Навагио на островот Закинтос е затворена за локалното население и посетителите од септември минатата година, откако земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала предизвика големи камења од околните карпи да паднат во заливот.

Безбедноста на плажите ќе се преоценува двапати годишно.

Плажата Navagio, која ја посетуваат милиони туристи, го рангира островот Закинтос како можеби најфотографираната летна дестинација на планетата и стана симбол на островот. На почетокот се стравувало дека остатоците од овој брод претставуваат дамка на недопрената плажа, дотогаш тешко пристапна, но било одлучено да остане таму каде што е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…